Нема понатамошна реализација на договорот од Пржино.Партиските претаставници не постигнаа договор и на полноќ си заминаа дома.
Сега се очекуваат понатамошните активности на опозицијата, а токму тие денеска изјавија дека договорот ќе се смета за пропаднат ако не биде испочитуван рокот.
Неофицијално утре се очекува изјава од медијаторот на ЕК Питер Ван Хауте, но и поактивно да се вмешаат амбасадорите на САД и на ЕУ.
Она за што не уаспеаја да се догворат партиите беше избор на министри за внатрешни работи и за труд и социјала, предложени од СДСМ, нивни заменици од ВМРО ДПМНЕ и заменици од СДСМ во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество, но и за ингеренциите на министрите кои треба да станат дел од тимот на Груевски.
