Пропадна договорот Ред Бул – Порше?

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Преговорите меѓу Ред Бул и Порше за влез на Германците во Формула 1 пропаднаа, објави германскиот сајт F1-insider, повикувајќи се на извори блиски до двете страни.

Уште пред март, Бордот на директори на автомобилскиот гигант Volkswagen Group одобри идно учество на два од брендовите на групацијата: Ауди и Порше да учествуваат во Формула 1. Ред Бул тврдоглаво не негираа дека преговараат со Порше, но секој пат тие прецизираа дека се уште не постигнале договор. Меѓутоа, сега е многу поверојатно дека воопшто нема да се постигне таков договор.

Се испостави дека Ред Бул и Порше не се согласуваат за голем број прашања. Се претпоставуваше дека Порше ќе купи 50% од Ред Бул Технолоџис, компанија која ги произведува Формула 1 болидите на Ред Бул и која е и шеф на Red Bull Powertrains, каде што ќе се произведуваат погонските единици на тимот за Формула 1. Но сега станува јасно дека, всушност, Ред Бул сакал да задржи повеќе од 50% од акциите и, во пракса, Порше да биде малцински акционер.

Исто така, Ред Бул сакал да има право на вето на секоја одлука донесена во компанијата, а Порше сакал самите да ја одредат стратегијата за развој на компанијата. Тука вклучува и избор на луѓе кои ќе го водат тимот.

Покрај тоа, практично обезбедените титули во Формула 1 за возачи и конструктори оваа сезона ја зголемуваат цената на тимот и вредноста на акциите на компанијата. Така Ред Бул сака повеќе пари за акциите, но Порше не беше подготвен да плати повеќе пари.

Според непотврдени гласини, Порше решиле да се насочат кон Мекларен, каде што Ауди веќе има регистрирано неуспешен обид за купување на тимот, а голема е веројатноста Ред Бул повторно да се сврти кон Хонда, бидејќи Јапонците јасно ставиле до знаење дека можеби имаат интерес да се вратат во Формула 1 за сезоната 2026 година.

Слични содржини