22
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони ќе остане во тој клуб најмалку до зимскиот преоден рок.
Се зборуваше за негово евентуално заминување во Галатасарај, со што веројатно ќе се заокружe[e лудиот преоден рок во кој успеаја да го доведат Виктор Осимен и да го спојат со Мауро Икарди во шпицот.
Како што открива Фабрицио Романо, тој никогаш немал намера да го напушти Јунајтед ова лето и покрај тоа што не бил главен приоритет на Ерик тен Хаг на почетокот на сезоната.
Сто милионското засилување на Манчестер Јунајтед дефинитивно не ги оправда тие пари. На 83 натпревари постигна 11 гола и забележа пет асистенции.