Пропаѓаат односите меѓу Турција и ЕУ

од desk4
171 прегледи

По распадот на Османлиската империја Мустафа Кемал Ататурк ја внесе Турција во Европа и целосно кон Западот. Околу еден век подоцна Реџеп Тајип Ердоган го враќа тој процес, пишува во коментар британскоит весник „The Economist“, објавен без никаков уреднички потпис.

Активностите на турскиот претседател земјата ја придвижија поблиску до нејзините источни соседи и направија се желбата на Анкара за членството во ЕУ да изгледа како шега. А двата неодамнешни случаи ситуацијата ја направија уште полоша, на 12 јули Анкара ги купи руските системи С-400, а на 15 јули ЕУ врз земјата немтна санкции  заради нејзините сондажи околу Кипар, чиј северен дел останува контролиран од Турција.

Жално е што ЕУ не успеја да го запре отклонувањето на својот блиозк сосед. Во некои случаи Унијата успешно преговараше со Турција, каков штп на пример беше случајот со мигрантската криза, кога Турција се согласи да биде гранично обезбдување на Унијата за добивање пари и издавање визи. Во определени моменти европските лидери си ги каснаа јазиците и не кажаа ништо, гледајќи како Турција се движи кон авторитаризам. Во други, пак, заземаше доста критична позиција, зборувајќи за Мала Азија и неможноста на Анкара да влезе во Унијата. Резултатот може да се претстави преку методот на морковот и стапот – недоволно голем морков да ја примами Турција назад, ниту, пак, доволно здрав стап што земјата ќе ја врати на вистинскиот пат.

Да го земеме на пример случајот со Кипар. Според Турција, неодамна откриените резерви на гас се во територијалните води на Турска Република Северен Кипар. ЕУ од своја страна не ја признава оваа држава, што прави трите турски сондажни бродови во островските води ги прави нелегални и тврдид ека тие се наоѓаат во економската зона на Република Кипар. А наметнататите бриселски  санкции се жални – намалување на финансиската помош за Турција и запирање на некои преговори на високо ниво. Анкара ги оцени како „малку важни“ и се закани дека ќе испрати уште еден брод.

Европските официјални лица предлагаат две оправдувања. Првото е дека Европа има потрба од соработката со Турција за прашањата на миграцијата и тероризмот, така што Европа кон Анкара треба да се однесува деликатно. Ердоган може да е тежок партнер, но сегашната ситуација е подобра од хаос, а турскиот претседател го користи овој и на 22 јули се закани дека ќе пропушти нови бранови мигранти кон Европа.

Второто оправдување, што е поблиску до вистината, е дека ЕУ не располага со културата и лостовите потребни за враќањето на Турција назад. Европа е премногу поделена за убедливо да ја наметне совјата волја.

-Ние се уште немаме реално и активно решение на  масата, изјавува Асли Ајдинтасбас од Европскиот совет за надворешнополитички врски.

И, точно е, ниту едно од двете оправдувања не изгледа убедливо.

Да се држи Турција на една рака растојание додека се чака да заврши времето на Ердоган не им служи на европските интереси. Економијата на земјата се наоѓа на работ на пропаст, преку кризата на вредноста на валутата, кипарската влада, стравот од ескалација на тензиите бара нови преговори, а рускиот договорт со Анкара е закана за западната безбендост.

-Ердоган е искористен од Путин против НАТО, истакна Марк Пиерини, поранешен амбасадор на ЕУ во Анкара.

Хаотична и одалечена Турција едвај ќе биде достоен партнер на Унијата по кое и да е прашање: од миграцијата до борбата со тероризмот.

Освен тоа, ставот дека ЕУ не е способна да ги концентрира своите активности на меѓународната сцена веќе не е валиден. Во последната деценија Унијата нарасна откако економески, мигрантски и безбедносни кризи ја натераа да се срами од светските сили. На Русија и наметна санкции заради нејзините активности во Украина, ги укина монополските пракси на американските технолошки гиганти и ја зачува својата дисциплина на фронтот на Брегзит. А најдобриот пример за реалната политика на ЕУ, имено, е договорот со Ердоган. Тој се согласи да спогодбата не е заради добра волја, туку затоа што Европа има лостови над него – цврста валута и визен режим.

Ердоган е послаб отколку што изгледа. Неговиот рејтинг паѓа, а за време на пролетните избори неговата Партија на правдаата и развојот ја загуби контролата над три од најголемите градови, вклучувајќи го и Истанбул. Али Бабакан, неговиот поранешен вицепремиер ја напушти партијата и создаде своја, а друг негов близок сорабоптник,  Ахмет Давутоглу, е веројатниот следен што ќе бега. А наскоро можно е Турција да има потреба од меѓународна економска помош. Тука е местото да потсетам дека БДП-то на ЕУ е 24 пати поголемо одт турското.

За Ердоган да се натера да слуша може да се покаже потреба од воведување санкции според  моделот на оние против Русија. А потоа нивното олеснување ќе послужи за турскиот претседател да седне на преговарачката маса. Економската поддршка, новиот царински договор, нов визен режим и односите меѓу Кипраните може да бидат разгледани и решени. Европа се движи во правец да има поголема улога во светот. Но, доколку и покрај сите моркови и стапови, со кои располага, таа ја губи контролта врз директниот сосед и можна нова членка. Турција е приоритет за ЕУ. Како и тест.

Економист, Лондон

Слични содржини