Пропагандист на Путин: На улиците на Германија и Франција треба да тече крв

од Stefanija Kuzmanovska

Информациите за воената поддршка на Западот за Украина предизвикаа немири кај пропагандистите на Путин, кои на државната телевизија почнаа да бараат реакција.

Политикологот Игор Шишкин побара да се пролее крв на улиците на Франција и Германија.

„Испораката на оружје од Западот за Украина е срамота. Тие испорачуваат се посилно и посилно оружје бидејќи Русија не возвратила. Единственото нешто на што ќе реагираат е моќта и стравот. Нема да престанат додека не почувствуваат страв. Затоа, имаме две опции: успешно да ја завршиме специјалната воена операција, но ако поради некоја причина не можеме да го направиме тоа, тогаш мораме да нанесеме загуби. Ако Франција испорачува оружје со кое се убиени Руси, тогаш крвта треба да тече по улиците на Франција. Ако Германија испраќа тенкови со кои убиваат руски војници, во тој случај крв треба да тече по улиците на Германија“, рече Шишкин.

Аналитичарот и писател Дмитриј Лекух силно реагираше на идејата на Шишкин.

„Ако го направиме она што го сугерира Шишкин, нема да ги погодиме елитите. Ако станеме терористичка држава, тоа ќе биде лошо за нас, а не за нив. Повеќе би сакал да го нападнеме Лондон со нуклеарна бомба“, истакна тој.

Слични содржини