Пред 5 години либискиот лидер го предупредил Тони Блер за инвазијата во Европа, никој не го регистрирал

Либискиот лидер Муамер Гадафи го предупредуваше поранешниот премиер на В.Британија, Тони Блер за заканите од екстремистичкиот тероризам во Европа и излезе дека неговите пророштва биле точни, откако ги протолкуваа телефонските разговори меѓу нив двајца, пишува британски “Telegraph”.
На 25-ти февруари 2011-та година Гадафи му објаснуваше на Блер дека се обидува да ја заштити Либија од борците на Ал Каеда, кога избија немирите.

– Не ги напаѓаме ние нив, туку они нас. Сакам да ви ја кажам вистината. Оваа ситуација не е воошто комплицирана, се е едноставно. Во Северна Африка се појави огранок на организацијата на Ал Каеда. Ограноците во Либија се слични на оние кои беа во Америка во очи 11 септември, рече Гадафи.
Уште тогаш тој прогнозираше дека целта на џихадистите е воспоставување контрола над Средоземјето, а потоа и напад на Европа.
Гадафи тврдеше дека џихадистите го набавиле оружјето и имаат всадено страв во коски на луѓето кои не смеат да излезат од дома. Тој се жалеше дека таму нема странски дописници и ги повика да дојдат и да ја видат вистинската слика, алармираше дека се работи за вооружена банда со која никој не може да се договори.