Пророштвото на Баба Ванѓа станува реалност, Сибир станува житница на светот! Политичари нудат престолнината на Русија да се пресели

од desk3
140 прегледи

Пророштвото на Баба Ванѓа дека ќе се изгради општество во Сибир, каде ќе започне новиот духовен живот, е на пат да стане реалност. Таа предвидела и климатски промени, по кои реонот требало да стане житница на светот. Тоа треба да се случи во 2030 година, соопштува esoreiter.ru. Изданието пишува дека претседателот на Движење “Развој” Јури Крупнов кој е и познат државен деец, со понуда – престолнината на Руската Федерација да не е веќе Москва, туку град во Сибир. Ако тоа се случи, таму ќе се создаде ново општество и предвидувањето на бугарската гатачка ќе се оствари.

Американскиот пророк Едгар Кејси  исто така рекол дека Сибир ќе биде центар на новата духовна држава. Според него таму ќе се формира сосема различно општество, многу посветла и културна цивилизација. Во меѓувреме Далај-лама XIV, кој освен како духовен водач на тибетските будисти, е познат и како пророк, рече дека наскоро Русија ќе го искористи својот потенцијал и руската нација треба да стане водечка во светот. Поради оваа изјава ДалајЛама е прогласен за агент на Путин.