Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 114.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2023 година, изнесува 36 390 денари.