Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), Образование (10.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37 876 денари.