Просенечки: Џеко со право го откачи Челзи

од Vladimir Zorba
431 прегледи

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просенечки, смета дека Един Џеко со право го одбил Челзи и останал во Рома.

„Џеко е Џеко, не е важно дали тој игра за Рома или Челзи, бидејќи тие се големи клубови“, изјави тој за босанското издание „Кликс“.

„Наскоро ќе одам во Италија за да гледам некои наши играчи, бидејќи таму се и Миралем Пијаниќ и Ервин Џукановиќ. На крајот на краиштата, според мое мислење, Един ја донесе вистинската одлука да не ја напушти својата сегашна екипа, бидејќи таму многу добро функционира“, додаде поранешниот европски шампион со Црвена Звезда.

Имаше голема сага околу трансферот на напаѓачот, но на последниот ден тој одлучи дека Рома е место за него.

Слични содржини