347
Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Станува збор за друг кривично-правен настан, каде што владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници.
Обвинителстовото го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога обивнителстовто за органзиран криминал отвори истрага за Зекири, и уште двајца хрватски државјани, исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.