Проширено обвинение против родителите на масовниот убиец од „Рибникар“: Запуштање и злоставување малолетно лице

од Илинка Илиоска
104 прегледи

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека поднеле во Вишиот суд во Белград проширување на обвинението против Владимир и Милјана Кецмановиќ, поради сомнеж дека извршиле кривично дело – запуштање и злоставување малолетно лице.

Станува збор за родителите на малолетникот К.К. кој е обвинет за масвоното убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“.

Главниот јавен обвинител во Белград Ненад Стефановиќ прецизира дека до проширување на обвинението дошло по собирањето на сите релевантни докази во текот на кривичната постапка против обвинетите, која во моментов е во фаза на главен претрес пред Вишиот суд во Белград, против Владимир Кецмановиќ за кривично дело – тешко дело против општата безбедност, а против Милјана Кецмановиќ поради кривично дело – недозволено производство, чување, носење и промет на оружје и експлозивни материјали.

Стефановиќ укажа дека постои оправдан сомнеж дека тие во периодот од 30 април 2022 година до 3 мај 2023 година со грубо занемарување на својата должност за воспитување, го запуштиле своето малолетно дете, кое на 3 мај 2023 со огнено оружје ги лиши од живот работникот на обезбедувањето во основното училиште Владислав Рибникар и девет ученици на тоа училиште, како и за тоа што тешко ги повредил наставничката по историја и уште пет ученици.

„Поради фазата на постапката во која е исклучена јавноста со одлука на Вишиот суд во Белград, деталите на проширувањето на обвинението не можам да ги изнесувам, но укажувам дека токму инкриминираното однесување на родителите резултирало со овој незапаметен, трагичен настан на 3 мај 2023 година во ОШ Владислав Рибникар’, заклучи Стефановиќ.

Слични содржини