Нуркачи од Охрид денеска запалија василичарски оган на дното на Охридското Езеро, по повод дочекот на Новата година според Јулијанскиот календар.
Нуркачите по трет пат го запалија овој традиционален оган во близина на музејот на водата „Заливот на коските“, на Охридското Езеро, објави нуркачкиот клуб „Амфора“ на Фејсбук.
„На богатата трпеза имаше печени колбаси и квалитетно македонско вино“, напишаа нуркачите со видео од палењето на оганот и печењето колбаси под вода.