Проструи тајно видео на директорот на Твитер: Објаснува зошто е забранет Трамп и што не очекува (ВИДЕО)

250 прегледи

На интернет кружи наводно тајно снимено видео од еден од вработените во мрежата Твитер, во кое Џек Дорси, нејзиниот директор, зборува за забраната за Доналд Трамп и за понатамошните чекори што тој ќе ги преземе.

Снимката не е верификувана, но од нејзиниот контекст е сосема јасно дека станува збор за Доналд Трамп и насилството што се случи во Капитол Хил на почетокот на јануари, при што најмалку пет лица го загубија животот.

Твитер, како и сите други социјални мрежи, трајно ја забрани (некои тоа го направија привремено) личната сметка на Трамп заради повиците, но и поради неосудување на насилството што се случи во Вашингтон, како и поради стравувањата дека Трамп може да предизвика ново насилство и да ги вознемири граѓаните.

„Америка е длабоко поделена и тоа го гледаме секој ден на нашата платформа. Мораме да се осигураме дека никој нема да биде повреден“, е една од клучните пораки што може да се слушне во двоминутната снимка.

„Не верувам дека ова е изолиран случај, не верувам дека ова ќе биде запрено и ќе мора да примениме многу поширок спектар на мерки со цел да ги запреме лошите работи“, вели Дорси.

Дорси посочува дека улогата на Твитер е да го штити интегритетот на политичкиот дискурс и да стори сé што е во нејзина моќ да не се повреди никој, повторувајќи ја честопати наведената цел за намалување на штетата во реалниот свет од активности преку Интернет.

Шефот на мрежата не зборува за цензура, како што објавија некои медиуми, барем не за цензура во оригинална смисла на зборот, но тој вели дека ќе треба да го „исчистат“ Твитер не само од една сметка, туку и од онолку сметки колку што е потребно, со цел одржување здрава атмосфера, спречување говор на омраза и повикување на насилство.

Илустрација за ова е претходната забрана за илјадници сметки на „Канон“, кои се поврзани со разни теории на заговор, а нивните членови се меѓу оние кои упаднаа во Капитол Хил. Проектот „Веритас“ наведува дека снимката, направена на 8 јануари, е добиена од таен соработник од компанијата „Твитер“, кој наводно снимал за време на состанокот преку Интернет.

Она што останува нејасно е кога Твитер има право, како и секоја друга социјална мрежа, да реагира со бришење или забрана на нечија сметка и кои се луѓето, но исто така и кои се упатствата што се следат за да се донесат тие одлуки. Кога станува збор за лажни вести, ситуацијата е јасна – знаеме што се лажни вести, а што не, не се двоумиме во јасно обележување докажани лаги, но толкувањето на постапките на поединци и групи е многу „лизгав терен“, што може лесно да доведе до (не) намерна цензура.

Слични содржини