Протече документ од состанок кој допрва треба да се одржи! Канцеларката во неволја

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Германската канцеларка денес во 14 часот одржува состанок со покраинските премиери за тоа дали треба да се олабават мерките кои се на сила веќе неколку месеци.

Тема на состанокот треба да биде олеснување на барем некои строги мерки, за кои се залагаат покраинските премиери, додека Ангела Меркел е повеќе склона да ги задржи мерките сè додека бројот на заразени не се намали дополнително.

Според „Индекс.хр“, документ кој протекол до германските медиуми е нацрт заклучок на состанокот составен од канцеларијата на Ангела Меркел, во кој се наведува дека мерките за затворање во Германија треба да останат на сила до крајот на март, со минимални отстапки на пример за книжарниците, цвеќари, автошколи.

Во нацртот, исто така, се наведува дека германската канцеларка може да одобри и да се состанат најмногу пет члена од различни домаќинства. Сите други мерки за затворање во врска со културниот, спортскиот и угостителскиот сектор, како и поголемиот дел од малопродажбата, ќе останат на сила до 28 март.

Од друга страна, германските медиуми наведуваат дека луѓето веќе се премногу уморни од пандемијата и строгите мерки, а самите медиуми станаа нетрпеливи за политиката на германските власти во пандемијата.

Слични содржини