Српскиот претседател Александар Вучиќ е снимен како пие на масата покрај Воислав Шешељ, осуден воен злосторник, пренесува Oslobođenje.ba.
На видеото се гледа како Вучиќ седи на масата покрај Шешељ на прослава, а во позадина се слуша песна во која се величи четничкиот војвода Павло Ѓуришиќ. Не е јасно кога е направена снимката и за каква прослава се работи, но наводно се работи за свадбата на синот на Шешељ.
To što sramota čovečanstva @predsednikrs se napija zajedno sa zločincem Vojislavom Šešeljem je jedna prosta stvar o kojoj razgovaram sa strancima jako dugo, ukazujući na potpunu jednakost njih dvojice. To što se napija sa njim dok slušaju pesmu koja slavi Pavla Đurišića, četnika… pic.twitter.com/tHjpSe1T3I
— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) June 11, 2023
Белградскиот адвокат Чедомир Стојковиќ ги осуди постапките на Вучиќ, а видеото го објави на Твитер пишувајќи дека е „срам на човештвото“ што Вучиќ пие со воен злосторник.
„Тоа што се опива со него додека слуша песна во која се слави Павле Ѓуришиќ, четник чии единици извршиле злосторства за време на Втората светска војна, а подоцна тој лично се здружил со единиците на НДХ и на крајот, во операцијата Вајс во 1943 година, ги здружил силите со Нацистичките сили да го нападнат нашето население, тоа е друга работа, која секој што сака може да ја знае. Тоа што песната ја има примитивната мелодија на воените единици кои го извршија геноцидот во Сребреница е трета работа“, напиша Стојковиќ на Твитер.