Протече ВИДЕО од синот на Трамп кога имал 4 години и сите го имале истиот коментар: „Што не е во ред со него?“

од Nikola Popovski
212 прегледи

Корисниците на социјалните мрежи станаа опседнати со ретка снимка на која синот на Доналд Трамп, Барон зборува кога имал само четири години.

Барон Трамп поголемиот дел од животот го помина далеку од очите на јавноста на барање на мајка му Меланија. Најмладиот син на Доналд (18) во последните месеци стана интернет сензација и, како што пишува „Дејли мејл“, еден од најпосакуваните ергени во Америка.

Доналд Трамп има изјавено дека неговиот син стои зад политичката стратегија на гостувања на бројни подкасти, што на новиот американски претседател му донесе значителна поддршка од помладиот електорат.

Сепак, на социјалната мрежа „Х“ се појави видео кое брзо стана популарно, откривајќи дека четиригодишниот Барон има изразен акцент како неговата мајка. Многу од неговите новооткриени обожаватели биле шокирани од ова откритие, со оглед на тоа што речиси и да нема снимки на Интернет од Барон Трамп како зборува.

Првите реакции на видеото биле: „Што не е во ред со детето?“, а всушност малиот Барон тогаш целосно го „земал“ акцентот од својата мајка.

Ова видео е преземено од специјалната емисија на Лери Кинг од 2010 година, во рамките на која легендарниот американски водител поминал извесно време со Доналд и Меланија Трамп. Видеото за само неколку часа собра неколку милиони прегледи.

На видеото се гледа како Барон, кој тогаш имал четири години, за прв пат се подготвува да оди на училиште.

„Сега треба да одам на училиште?“ ја прашува мајка си, со изразен акцент.

Меланија одговара: „Да, прво ќе јадеш, а потоа ќе одиш на училиште“.

„Можеш да читаш, да пишуваш и да броиш“, се слуша Доналд Трамп во позадина.

Слични содржини