Протече вода во операциони сали во „8. Септември“ од синоќешното невреме

од Nikola Popovski
33 прегледи

Синоќешното силно невреме кое го зафати Скопје направи хаос низ улиците, но и во болниците. Таков проблем се случи во ГОБ „8-ми септември“ каде протекла вода во операционите сали на третиот кат, и истата ги одложи операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, порача Каревски.

Сепак, според надлежните, нема потреба за загриженост бидејќи болницата е во функција.

Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за медиумите истакнал дека имало протекување во првата и втората операциона сала, но дека пациентите биле згрижени и се на сигурно.

-Како резултат на поројниот дожд и голем прилив на вода на кровната површина која се наоѓа над оперативниот блок,  дел од таа вода не успеала да се издренира низ дренажниот систем од кровот. Сега можам да кажам дека продолжуваме со операции долу, а другите сали на Трауматологија и ортопедија се функционални, порачал меѓу друго Костов.

Болницата во моментов функционира без застој.

Слични содржини