Протекоа ФОТОГРАФИИ од Белорусија: Никнува ли голем камп на платеници на Вагнер?

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Независната руска публикација „Сирена“ објави фотографии од изградбата на наводните кампови на „Вагнер“ во Белорусија.

Новинарите покажаа како изгледа изградбата на кампот кај Осиповиќ во регионот Магилев. Фотографиите наводно ги направил локален жител.

Сликите покажуваат шатори, шпорети и подови. Според наведеното, еден таков шатор може да собере до 60 луѓе.

Сепак, невозможно е да се одреди точната локација на местото каде што се направени фотографиите.

Претходно „Верстка“ извести за изградба на камп за платеници во Могилевската област, а сателитски снимки објави белоруската редакција „Радио Либерти“.

Според нивните податоци, во кампот има 303 шатори. Секој од нив може да прими од 20 до 50 луѓе. Вкупниот капацитет е околу 15 илјади луѓе.

Да потсетиме, по неуспешниот бунт на крајот на јуни, „Вагнер“ и нивниот лидер Евгениј Пригожин беа префрлени во Белорусија по преговори со претседателот на таа земја Александар Лукашенко.

Слични содржини