Протекоа информации од Пентагон, САД ги шпионирале сојузниците

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Протекувањето на доверливи документи на Пентагон објавени на социјалните мрежи минатата недела фрлија ново светло на војната во Украина, покажувајќи колку длабоко САД навлегле во руските воени и разузнавачки служби, но исто така откри дека Вашингтон ги шпионирал и некои од своите најблиски сојузници, како и непријателите.

Протечените документи даваат мрачна оценка за силата на воената машинерија на Москва, но и укажуваат на тоа дека украинската армија е во тешка состојба, пишува The New York Times (NYT).

Разузнавачките податоци покажуваат дека САД најверојатно ги шпионирале украинските воени и политички лидери, како и некои други важни сојузници на САД, вклучувајќи ги Израел и Јужна Кореја.

Дали Вашингтон може да ги чува своите тајни?

Откритијата веќе ги искомплицираа односите со некои сојузнички земји, поставувајќи прашања за тоа дали САД можат да ги чуваат своите тајни.

Висок американски функционер го нарече протекувањето „голем разузнавачки пробив“, а Федералното истражно биро (ФБИ) започна истрага и ќе се обиде да го открие изворот на протекувањето, изјавија официјални лица, пренесе „Танјуг“.

Податоците откриваат, меѓу другото, дека Украина е блиску до губење на клучната битка во војната, дека руската армија „останува без пареа“, дека нема доволно опрема, дека паравоената група Вагнер има влијание во целиот свет, а не само во Украина, и дека раководството на израелскиот Мосад било покрај граѓаните за време на протестите кои траеја повеќе од два месеца во таа земја, што Израел подоцна го демантираше.

САД го бараат изворот на протекувањето

Американските власти трагаат по лицето одговорно за неодамнешното протекување на тајни воени и разузнавачки податоци, а западни безбедносни експерти и американски претставници сметаат дека станува збор за личност токму од таа земја.

„Истрагата е фокусирана на претпоставката дека документите протекле од САД, бидејќи многу од објавените документи биле само во американски раце“, изјави за „Ројтерс“ поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Многу од документите беа фотографирани, што сугерира дека тоа е намерно направено од некој кој сакал да им наштети на напорите на Украина, САД и НАТО, изјави претходно Малрој.

Слични содржини