„Фајненшл тајмс“ пишува дека средбите на министрите на земјите членки на НАТО, кои почнуваат денеска, би можеле да донесат нова димензија во глобалните геополитички односи.
Американскиот весник тој заклучок го извлекува од фактот дека високи американски функционери ќе инсистираат на усвојување многу поостра политика кон Кина.
„ФТ“, исто така, пишува дека во изминатите неколку недели, претставниците на Вашингтон лобираат други европски членки на НАТО алијансата да ја заострат својата реторика кон Кина, како и конкретни активности за ограничување на кинеските власти. Спротивставувањето на Кина претходно беше поставено од страна на американскиот претседател Џо Бајден како главна цел на неговата надворешна политика, но фокусот на Америка се префрли на војната во Украина поради околностите.
Фактот што САД сега инсистираат да постават конфронтација со Кина на агендата на НАТО алијансата, доаѓа во исклучително чувствителен момент за кинеските власти.
идејќи продолжуваат масовните протести против политиката на заклучување, но и Комунистичката партија, како и претседателот Си. Се поставува прашањето каква би можела да биде реакцијата на Кина во случај на драстично заострување на политиката на НАТО.
Како што пишува Гојко Дрљача, автор на бројни написи во „Јутарњи лист“, пред инвазијата на Украина, флертувањето со прифаќањето на Украина како членка на НАТО-алијансата изгледало како логичен чекор, но денес е поверојатно дека повеќето од членките би се откажале се од таа идеја, ако тој потег го запре рускиот напад.
Затоа, се поставува прашањето, дали зголемениот притисок врз Кина, на кој инсистираат САД, е чекор кон враќање на некакви односи од Студената војна во глобалната меѓународна политика, кога политичките тензии се веќе екстремни?
Според „ФТ“, високи американски претставници пред состанокот во Букурешт истакнале дека НАТО се согласил за нов „стратешки концепт“ ова лето со цел „да се одговори на системските предизвици“ што ги поставува Кина.
Америка им нуди на своите европски сојузници во НАТО да се договорат за „зајакнување на нашата отпорност против предизвиците што ги поставува Народна Република Кина“ на состанокот во Букурешт.
Координацијата на членките на НАТО против Кина, тврди „ФТ“, е високо на листата на приоритети за САД. Амбасадорот на САД во НАТО, Џулиен Смит, тврди дека НАТО мора да почне да одговара на предизвиците на Кина на конкретни начини.
На состанокот во Букурешт, министрите треба да разговараат за новиот извештај за Кина, така што таа земја за првпат треба јасно да биде идентификувана како предизвик во прашањата на „интересите, безбедноста и вредностите“.
Тој извештај, наводно, се занимава со прашања за кинескиот воен развој, напорите да се влијае врз членките на НАТО и трети земји и се занимава со кинеско-руските односи.
Заедно со аспирациите на САД, ЕУ проценува до кој степен Унијата треба да ги заостри економските односи со Кина. Повеќето членки на ЕУ, особено Германија и Франција, не се гледаат себеси на иста страна со Кина како САД.