Протекоа непознати детали за бракот на Вилијам и Кејт: „Не е се толку совршено како што изгледа“

од Stefanija Kuzmanovska
659 прегледи

Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон важат за омилениот британски пар кој живее хармоничен живот, а сега се откриени непознати детали од нивниот однос.

„Бракот на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон не е толку совршен како што изгледа, но тие знаат како да го направат успешен“, открил за британските медиуми извор близок до кралското семејство.

Во ексклузивното интервју за „Daily Express US“, Том Квин, автор на „Gilded Youth: An Intimate History of Growing Up in the Royal Family“, се осврнал на неговите приватни разговори со извор од палатата кој му кажал неколку интересни детали за односот на Вилијам и Кејт.

Како и сите здрави бракови, принцот и принцезата имаат свои несогласувања, но тие знаат како да направат компромиси и да најдат начин како нивниот брак да успее.

„Од луѓето со кои разговарав, дознав дека кај нив не е секогаш мирно. Не е толку совршено како што може да изгледа. Но, Вилијам ги усвојува манирите и однесувањето на неговата баба и Кејт е многу добра во нивното усвојување и не жали за ништо. Многу, многу ретко се жалат на нешто. А кога ќе се пожалат, тоа е секогаш одмерено“, рекол Том, кој верува дека зад тоа се крие тајната зад успехот на нивниот брак, пренесува „Шоубиз“.

Иако се трудат да го задржат мирот во својот дом, нивните кавги понекогаш се многу жестоки.

„Додека некои парови се караат и си фрлаат тешки вазни еден кон друг, Вилијам и Кејт си фрлаат перници“, рекол изворот, пренесува гореспоменатиот медиум.

Кејт Мидлтон и Вилијам важат за еден од најхармоничните парови, а многумина веруваат дека нашле одличен баланс помеѓу кралските обврски и обврските на семејството со три деца.

Слични содржини