Протекоа нови детали од договорот на Меси: Дали е прекршен финансискиот фер-плеј?

од Nikola Popovski

Откако беа објавени нови детали за договорот на Лионел Меси со Пари Сен Жермен, јавноста се посомнева дека францускиот клуб го прекршил финансискиот фер-плеј.

Трансферот на Лео Меси во ПСЖ предизвика бурни реакции и поради неговиот долг претстој во Барселона и поради големите договори што францускиот клуб ги склучи во текот на преодниот рок.

Се појавија нови детали според кои Аргентинецот заработува 110.000.000 евра нето доколку остане во клубот следните три сезони, како што беше договорено.

Иако прво беше откриено дека платата ќе биде 30.000.000 евра по сезона, француски „Л’Екип“објави дека во текот на втората и третата сезона, Меси ќе добие уште 10.000.000 како бонус за лојалност.

Исто така, нов детал што е откриен е дека Аргентинецот ќе има приход од еден милион евра во клупската криптовалута, што е можеби најнеобичниот дел од договорот.

По мошне успешниот преоден рок, покрај Меси, во ПСЖ пристигнаа и Џанлуиџи Донарума, талентираниот италијански голман и Серхио Рамос, славниот Шпанец, кој пристигна од Реал Мадрид.

Во тимот пристигнаа и Џорџино Вајналдум, одличниот десен бек Ашраф Хакими и Бразилецот Данило Переира.

Харберт Хајнер, претседателот на Баерн Минхен, беше лут поради тие трансфери, кој предупреди дека ПСЖ потенцијално го крши финансискиот фер-плеј.

„Не сакам веднаш да ги осудам, но не ми е јасно. Да, тие не платија компензација за играчите, но им дадоа огромни плати. Кога слушам дека Меси заработува 40 милиони евра годишно, тоа се 80 милиони бруто! А тука се и Хакими, Рамос, Донарума, тоа е огромна сума на пари кога ќе ги соберете“, објасни Хајнер.

Од друга страна, претседателот на францускиот клуб, Насер Ал-Келаифи, остро ги демантираше тврдењата дека УЕФА му дозволила на тој клуб да го прекрши финансискиот фер-плеј.

„Не е точно дека УЕФА погледна низ прсти. Пред секоја работа, нашиот професионален тим детално проверува што можеме да направиме. Го почитуваме финансискиот фер плеј. Ако погледнете внимателно, ги донесовме најдобрите играчи без надомест. Имавме одличен преоден рок и секогаш ги следевме правилата “, изјави Ал-Келаифи.

УЕФА пред точно десет години воведе финансиски фер -плеј со цел да се намали разликата помеѓу големите и малите клубови.

Од таму бараа начин да го ограничи трошењето на огромни суми на богати клубови, но една деценија подоцна, се појави информација дека ова правило ќе биде укинато.

Одлуката за укинување на финансискиот фер-плеј се уште не е донесена, а откако се појавија новите детали од договорот на Меси, контроверзноста околу парите на ПСЖ ќе продолжи без сомнение.

Слични содржини