Протекоа првите информации за Надал по повредата на стомакот

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Рафаел Надал го победи Тејлор Фриц во неверојатен меч во кој беше посилен од повредата на стомачниот мускул која го мачеше.

Во еден момент се чинеше дека Надал ќе го предаде мечот, а и самиот призна дека размислувал за тоа, но на крајот не се решил на тој потег и се покажа дека бил во право, бидејќи успеал да го скрши отпорот на Американецот по супер тајбрејкот.

Надал по мечот изјави дека не знае дали ќе може да игра полуфинале против Кирјиос и дека мора да направи анализи и да се консултира со лекарите.

-Ако ви кажам нешто сега, ќе испаднам лажго. Во моментов не знам ништо и не можам да ви кажам ништо за тоа. Морам да направам прегледи и консултации со лекарите – изјави Надал откако беше прашан дали ќе биде подготвен да го одигра полуфиналниот меч.

Сепак, шпанските медиуми сега ја објавија првата информација за Надал, а тоа е дека тој закажал тренинг на теренот број 10 од 13:30 до 14:30 часот, кој исто така е отворен за јавноста.

Ова може само да ги израдува неговите фанови и да биде знак дека Шпанецот сепак ќе се појави на Централниот терен во петок на дуелот против Нико Кирјиос.

Слични содржини