Протеси петок: #Протестирам – Се враќаме на улиците

од Vladimir Zorba
112 прегледи

-Еден месец по протестите на 5 мај, оној кој дозволи употреба на брутална сила против граѓаните е сѐ уште на власт. Еден месец по упадот на полициските сили во библиотеката Браќа Миладиновци, настанот останува неказнет.

11351139_1657249007827455_378570056389711598_n-540x359

Во петок, 5 јуни, ќе се собереме на старо место од каде ќе започнеме протестен марш.Бараме оставка! Бараме одговорност! – велат од граѓанското движење Протестирам во однос на престојниот протест.

#Протестирам е граѓанско движење за мир, правда, демократизација на институциите и оставка  и одговорност на сегашната Влада.