Протест кај „Сити Мол“ за загината Викторија Николова

од Vladimir Zorba
466 прегледи

Мирен протест под мото „Стоп за сообраќајното насилство“, се одржа денеска, на раскрсницата кај Сити Мол на местото каде пред десетина дена младата Викторија Николова од Радовиш го загуби животот, откако беше прегазена.

Собирот го организираше момчето Леонид Даов, кој бил со неа и при тоа бил лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.

Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“ присутните и оддадоа почит на Викторија.

Ова беше мирен протест во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот.

„Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно“, беше наведено во поканата за настанатот на социјалната мрежа Фејсбук.

Слични содржини