309
Група од педесетина граѓани вечерва повторно се собрале пред Бугарската амбасада во Скопје и мирно протестирале, барајќи да се поништи францускиот предллог-преговарачка рамка на Македонија со Европската Унија (ЕУ).
Се извикувале паролите „Македонија, Македонија“ и „Македонија е жива“. Демонстрантите со себе носеле транспаренти и знамиња со сонцето од Кутлеш.
Евидентно било големото полициско присуство околу зградата на амбасадата, како и пред неа.
Ваквите протести пред Бугарската амбасада се случуваат секој четврток. Засега не е познато кој е организаторот.