Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва во Прилеп петти пат протестираше во центарот на градот и по улиците, инормира а1он.
Под мотото „Нема правда, нема мир“, „Протестирам“ на камената бина на плоштадот „Александрија“ ги повтори барањата, меѓу кои, повлекување на одлуката за аболиција, оставка на Иванов, поништување на одлуката за избори на 5 јуни, СЈО непречено да ги води случаите и специјално одделение во Кривичниот суд, привремена влада и вклучување на граѓанскиот сектор во преговорите.
– Во Македонија има луѓе кои се подготвени да се борат за својата иднина и за своите деца. Македонија не е црн вилает, туку убава и шарена. Во Македонија има луѓе кои не сакаат да живеат по инерција, да веднат глава, им порача на насобраните Милан Секулоски од „Протестирам“.
За Филип Попоски од „Протестирам“, Прилеп покажува дека ништо не може да го запре и да го поколеба.
Граѓанската иницијатива „Протестирам“, од плоштадот „Александрија“ по булеварот „Гоце Делчев“ се упати до споменикот „Карпалак“, а својот марш го заврши пред зградата на локалната самоуправа./извор а1он