Протест на навивачите во црно: Клубот полека умира…

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Навивачката група на Манчестер Јунајтед „1958“ ги повика сите симпатизери на „Олд Трафорд“ да протестираат пред натпреварот од Премиер лигата против Арсенал во сабота, облечени во црно како симбол на „бавната смрт на клубот“.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ планираат голем протест по уште една разочарувачка сезона и само неколку дена по елиминацијата од ФА Купот.

„Ги повикуваме луѓето да носат црно како симбол на бавната смрт на клубот поради големите долгови, лошото управување и искористувањето на навивачите. Клубот полека умира пред наши очи, и на теренот и надвор од него, а за тоа е единствениот виновен сегашниот сопственик. На многу начини, ова е најголемата криза со која се соочи Манчестер Јунајтед по воздушната катастрофа во Минхен. Клубот назадува и веројатно само ќе се влошува. Ги повикуваме навивачите да се кренат, да се обединат и да ни се придружат додека излегуваме на плоштадот пред „Олд Трафорд“ за да протестираме против Глејзери, кои ги презираме“, ја цитира „Атлетик“ изјавата на навивачите .

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал е закажан за в недела на 9 март.

„Црвените ѓаволи“ се само 14. на табелата во Премиер лигата по 27 одиграни натпревари.

Слични содржини