Протест на новинарите пред Граѓанскиот суд со бели ленти на уста

од Nikola Popovski
275 прегледи

Денеска се одржа протест на новинарските организации пред Основниот граѓански суд во Скопје, по повод скандалозната пресуда во случајот Кочо Анѓушев против ИРЛ.

„Правото на граѓаните пред интересите на моќниците“ беше мотото на протестот. Новинарите го кренаа гласот против, како што рекоа, срамната пресуда во случајот против ИРЛ, со којашто Судот се впуштил во оценка кој е новинар, а кој не е. Порачаа дека судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се занимаваат со новинарство.

Новинарите членови во синдикатот со самолепливи бели ленти на уста, покажаа дека некој се обидува да ги замолчи и цензурира медиумските работници.

Во образложението на пресудата судијката Јованка Спировска Панева посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните, туку треба исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Односно, уредничката на Сашка Цветковска и тимот на ИРЛ не се новинари и не се медиум. Судијката цени и дека морала да го зашити приватниот интерес, а не колективниот и го повика Министерството за правда да забрани ИРЛ да врши дејност, односно да ја укине.

Ваквата пресуда големи реакции во јавноста, особено меѓу новинарската фела и активистите и експертите што се залагаат за слобода на говор и изразување.

Слични содржини