Повеќе од 1.000 овчари го пробија денеска полицискиот кордон во Букурешт пред романскиот парламент на протестот против законот кој го регулира бројот на овчарски кучиња кои можат да ги поседуваат.

Интервентната полиција фрли солзавец на бесните овчари, од кои некои беа облечени во долги бунди од овча кожа, за да ги спречат да влезат во парламентот.
Околу 4.000 овчари допатуваа денеска од цела Романија за да стигнат на протестот во Букурешт.
Спорниот закон наводно е воведен заради заштита на животната средина и ловците.