Протест на пензионерите пред Влада, велат нема да отстапат се додека не им се исполнат барањата

од Nikola Popovski
252 прегледи

Среќен празник, пензионери. Наместо да празнуваме, ние протестираме, изјавија пензионерите од земјава кои денеска се собраа пред Владата да протестираат на Денот на пензионерите 20-ти септември. Тие како и претходно побара линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.

Дел од собраните пензионери порачле дека автобусите што тргнале од Охрид накај главниот град, не биле пуштени. Сепак, немале информација кој ги запрел.

Сметањето на пензиите да биде по еден критериум и понатаму зголемувањето да оди линеарно. Додека не го добиеме тоа, нема да отстапиме. Навредени сме што во Комисијата која работи на нашите работи, нема ниту еден член од земјава. Не знам за што решаваат, изјави една незадоволна пензионерка од Прилеп.

Велат дека бројката на присутни е задоволителна. Испратија порака до младите брачни парови, за кои што велат, доаѓаат на протестот и ги поддржуваат. Исто така побараа прием кај премиерот Димитар Ковачевски.

Имаме тешки случаи. Има жени кои имаат пензии само за две недели, порачаа од протестите.

Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

За барањето на пензионерите, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска минатата недела рече дека прво ќе се чека на мислење од Уставниот суд и од правната експертска јавност за да се види дали линеарното покачување е во согласност со Уставот и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Слични содржини