Протест на приватните стоматолози, побараа нов модел за исплата

од Nikola Popovski
274 прегледи

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ) денеска на пладне одржаа протест пред Министерството за здравство, со објаснување дека сакаат да го искажат незадоволството од, како што велат, „крајно лошата ситуација во која се наоѓаат”.

Тие побараа повеќе да нема запишување на матични стоматолози, финансирање по пат на капитација, туку воведување нов модел за исплата во стоматолошката здравствена заштита.

Предупредија дека се на работ на банкрот, а голем дел од нив ги затвориле ординациите и останале на улица.

Тие бараат одговор од Министерството за здравство, да ги слушнат нивните барања, во спротивно ќе бараат излез од кризата во странство.

Овој протест не го поддржува Стоматолошката комора на Македонија, со став дека барањата на Здружението се несериозни, неприфатливи и штетни како за докторите, така и за пациентите.

Слични содржини