Протест на студентите Роми пред ЈСП против насилните контролори

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Судентите Роми за денеска во 16.30 најавуваат протест пред ЈСП- Скопје, за како што велат „да се прекине со девијатното однесување на контролорите“. „Уште колку студенти, студентки, млади, стари, возрасни и останати се почувствуваа загрозени, понижени и омаловажени поради насилното однесување на контролорите на ЈСП?

„Доста е веќе дискриминација, доста е од силеџии, доста е од сексуални навреди и напади, доста живееме ограничено. Институциите секогаш се оградуваат од дискриминацијата и дека тоа кај нив не постои, а сведоштвата на граѓаните сепак не велат така и тие секојдневно живеат во страв.

Доста е! Придружете ни се на овој протест, денес Сирхан е жртва, утре ќе бидеш ти ако не се бориме денес. Ајде да му покажеме на ЈСП дека за омразата и стравот нема повеќе место во оваа држава“, стои на повикот на Фејсбук.

Преку протестот ќе бараат отпуштање на двајцата контролори кои го нападнаа Сирхан Усеин, зголемена внатрешна контрола и да се вработат Роми контролори во ЈСП.

Слични содржини