Вчерашниот протест против поскапувањето на струјата е прв во низата протести кои ги најави најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. 
„Мафија на робија“ за власта и „Оставка“ од претседателот на комисијата за енергетика се слушаше од устите демонстрантите. А, главната парола „Скапа струја, сиромашен народ“од пред министерството за правда ја однесоа до седиштето на регулаторната комисија за енергетика.
Пред обраќењето на лидерот Мицкоски, на толпата народ им се обратија и членови активисти на партијата, кои сами се најавија, како обични граѓани кои на своја кожа го почуствувале поскапувањето на струјата. Граѓаните, пак, кои дадоа поддршка на протестите, велат дека по поскапувањето на струјата следи поспакување на сите основни продукти во домаќинстовото.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на денешниот протест против поскапувањето на електричната енергија, упати три барања до Владата, за кои рече дека треба да одговорат во наредните денови.
Имате неколку дена да седнете да ги разгледате, а потоа да ги исполните, порача Мицкоски од пред насобраната толпа.
„Прво барање – враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач намалете го процентот. Второ барање – неделен викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите. Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со натпартиски кадри“, посочи Мицкоски.
За Мицковски, главниот виновник за поспакувањето на струјата е дуото Бислимовски – Заев, од кои побара оставки и порача дека ова е првиот од серијата протести против како што вели „неправдите од Илинденска бр.2“ и детронизирање на власта која дошла на позиција со „украдени и поткупени избори“.
Од владечката СДСМ пак протестот го оценија како дебакл.
„ Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата. Тоа граѓаните совршено го знаат, затоа денешниот протест најавен како протест против цената на струјата се претвори во дебакл на обидот на Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец“, соопштија од партијата.