Протест пред тетовскиот суд, се бара правда и одговорност за пожарот во модуларната болница

од Nikola Popovski
300 прегледи

Денеска пред Основниот суд во Тетово се одржа протест на семејствата и пријателите на загинатите во пожарот во тетовската модуларна болница во септември 2021 година. Тие бараат правда и одговорност после објавената сторија на ИРЛ. Велат дека судењето кое што се случи не ги даде вистинските виновници.

Ние се собравме тука за да го изразиме нашиот револт за случувањата после емисијата на ИРЛ. Сигурни сме дека не функционира здравството и никој од институциите. Како резултат на нефункционирањето, во последните пет години има четири трагични настани, на кои настанале 97 жртви и ниту еден ден затвор за тие што се одговорни. Ако продолжи вака, бројот на жртвите ќе порасне, кажа една членка од семејствата кои присуствувале на протестот.

Сметаат дека правдата не е задоволена со претходното судење, во кое беа изречени две условни и една ослободителна казна. Присутните бараат и ново судење, но и кривично гонење на обвинителите кои биле вклучени во предметот.

Во пожарот кој се случи пред две години, загинаа 14 лица, а уште десетина беа повредени. Обвинителството истражуваше со месеци, а причината што ја наведоа беше дека до пожарот дошло поради краток спој на продолжен кабел.

Слични содржини