Во текот на вчерашниот ден во близина на украинската амбасада во Скопје се одржал мирен граѓански протест под слоганот „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“. Учесниците на протестот држеле плакати и транспаренти со натписи „Против воздигнувањето на нацизмот во Украина“, „Не испраќајте ги нашите деца да се борат за вас“, „Борете се сами со Русија“ и „Нацистите немаат место во ЕУ“.
Организаторите на мирниот протест отворено ја осудиле политиката на официјален Киев.
-Сакаме вработените во Украинската амбасада да ги информираат властите во Киев дека Македонија и македонскиот народ се противат на државната политика на Украина, обидите за воскреснување и величање на нацизмот. Македонија и Македонците му се благодарни на украинскиот народ за поддршката во војната во 2001 година, но ние се спротивставуваме на сегашната политика на украинските власти, која го велича нацизмот, изјавил еден од присутните, објави руски „Балканист“.
Протестот поминал во мирна атмосфера, а пред украинската амбасада биле присутни неколку полицајци.