Протест пред Универзалната сала: Семејството Кулакови бара правдата да биде задоволена

од Љубиша Владимиров
205 прегледи

Семејството Кулакови изрази длабоко разочарување од судската одлука со која Васил Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајната несреќа на Партизанска, во која трагично загина 22-годишната Фросина Кулакова.

Тие најавија протест денеска во 17 часот пред Универзалната сала – местото каде што се случи несреќата – од каде ќе тргнат кон судот, за, како што велат, „вторпат убиена правда“.

„Нема да молчиме. Бараме промени за никоја мајка повеќе да не поминува низ оваа болка. Правда за Фросина, правда за сите што оваа држава ги заборави,“ напиша нејзината сестра Росица Кулакова.

Семејството повикува граѓаните да им се придружат и да застанат заедно против неказнивоста и корупцијата во системот.

Слични содржини