Протест пред Влада поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за осудените за 27-ми април

од Nikola Popovski
274 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денес излегуваат на протест во 11 часот пред Владата, а на масовност граѓаните ги повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Протестот е организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, од страна на македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, Единствена Македонија, Интегра, и Подем исто така го поддржаа протестот.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!

Недела, 11:00 часот пред Влада“ – напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Се очекува протестот да започне со изведувањето на македонската химна од страна на Игор Дурловски, кој беше ослободен од обвинение за нападот на Собранието на 27-ми април.

Слични содржини