Протест пред Влада-вработените во Охис си ги бараат платите

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Стотина поранешни работени во Охис денеска со протест пред Владата побараа средба со премиерот со цел да се најде спогодба со власта и да им се исплатат 24 плати кои им ги должи државата.

13091
Револтирани од ваквиот однос тие денеска упатија барање да одржат средба со вицепремиерот Владимир Пешевски како и со министерот за финансии Зоран Ставревски.

Инаку, долгот на сите заостанати плати е околу 5 милиони евра, а досега ОХИС имаше 13 неуспешни тендери за да се продаде овој државен загубар.
Нивниот протест пред Влада трае речиси два часа.