177
Стотици граѓани вечерва се собраа на протест пред зградата на Владата за да го искажат своето незадоволство од францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокирање на европскиот пат на Македонија.
Насобраните, организирани преку социјалните мрежи, сметаат дека предлогот е базиран на бугарските барања и е на штета на македонските национални интереси и побараа негово отфрлање.
Протестот започна со интонирање на државната химна.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш повтори дека Владата формално нема добиено француски предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки и порача дека историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.