355
Илјадници луѓе, меѓу кои и канцеларот Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, се собраа денеска во Потсдам на демонстрации против екстремната десница во Германија.
Собирот беше поттикнат од извештајот за неодамнешниот состанок на екстремистите кои, наводно, разговарале за депортирање на милиони имигранти, вклучително и германски државјани, доколку дојдат на власт.
Минатата недела „Коректив“ објави за наводен состанок на екстремната десница во ноември, на кој присуствуваа личности од екстремистичкото Идентитарно движење и екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).