Жителите на општина Аеродом и населба Лисиче денес се организираат за протест против новиот ДУП со кој се предвидува бетонизација на Лисиче и изградба на на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“.
Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.
ДУП-от беше донесен со 16 гласа „за“ и 11 „против“, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски не одговараа на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.
Во повикот за протест на социјалните мрежи, граѓаните повикуваат да се спротивстават на бетонизацијата на Лисиче и да кажат „не“ за судбината скроена од општина Аеродром. Протестот е закажан во 18:30 пред општината.