Протест: ВМРО-ДПМНЕ го мобилизира членството со „Станете Македонци“

од desk4
176 прегледи

Скопје  денеска е мета на ВМРО ДПМНЕ и на нивните симпатизери и членство, кои ќе треба да стигнат пред Владата на протест.

Нивна крајна станица ќе биде Илинденска ББ, – протестот на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ против политиките на актуелната владејачка гарнитура и пред се тековните преговори за промена името со Грција. Свое обраќање пред присутните ќе новиот лидер на партијата Христијан Мицковски, а меѓу масата се очекува да биде неговиот претходник Никола Груевски и многумина поранешни и сегашни функционери во органите и телата на партијата.

Социјалните мрежи се веќе преплавени со автомобили и автобуси како се движат кон Скопје. Се најавува масовно присуство во центарот на главниот град, а Унијата за млади сили на најголемата опозициска партија од Тетово се обидува да го анимира членството и со слоганот „Станете Македонци“. Покрај тетовци, на пат кон Скопје (организирано или во сопствена режија) во моментот се и граѓани од Охрид, Ресен, Вевчани, Кочани, Македонска Каменица и од останатите градови.

Вечерашниот настан пред објектот на Владата наложува и посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека булеварот „Илинден“ ќе биде затворен во двата правца, а од 20 часот истото ќе важи и за мостот „Гоце Делчев“ со пренасочување на сообраќајот по околните улици.

Возилата на јавниот сообраќаен превоз (ЈСП) ќе може непречено да се движат по улицата „Димитрија Чуповски“ што минува низ „Рекорд“. ЗА очелување е преначување на сообраќајот во Скпоје као и блокирање на улиците на влезовите на престолнината.Почетокот на протестот е закачан за 20 часот