Протест во Кисела Вода поради Домот за зависници

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Жители од Кисела Вода денеска се собраа на протест барајќи дислоцирање на Центарот за зависници стравувајќи за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца бидејќи во дворот на Центарот за зависници постојано наоѓаат медицински отпад.

Тие посочуваат и дека зависниците кои го посетуваат Центарот крадат автомобили.

Градоначалникот на општината Филип Темелковски посочи дека се во интензивна комуникација со Министерството за здравство и оти оттаму доставиле предлог за решавање на проблемот.

– Во текот на оваа и наредната недела да се зголеми капацитетот на вработените во болницата со тоа што да се наложи да не се дава терапиите да се примаат надвор од болницата. За три месеци да се почне со намалување на бројот на корисници, а за шест месеци да се заврши со целосната процедура, рече Темелковски, образложувајќи го предлогот од ресорното Министерство.

Граѓаните најавија дека секој ден ќе протестираат до петок.