Протест во Лондон против рестриктивните мерки и вакцините: Уапсени над 60 лица

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Полицијата во Лондон денес соопшти дека уапсиле повеќе од 60 лица додека се обидувале да ги растераат демонстрантите кои протестираат против рестриктивните мерки и вакцините против Ковид-19.

Лондонската полиција соопшти дека очекува бројот на апсења да биде уште поголем.

Демонстрантите беа уапсени за различни кривични дела, вклучително и кршење на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот.

На демонстрантите кои протестираа против ограничувачките мерки им се придружија и групи кои се спротивставија на примањето на вакцини против Ковид-19.

Според еден полицаец, на протестот учествувале меѓу 300 и 400 лица.

Слични содржини