245
Жители на селото Пештани денеска повторно протестираат на влезот од автокампот „Градиште“, во обид да го свртат вниманието на јавноста на проблемот што го имаат, а во врска со враќањето на нивните имоти одземени со национализација, пренесе МИА.
Триесет и шест семејства од Пештани повеќе од две децении водат спор за поврат на имотите одземени од државата, а се во рамки на автокампот што се наоѓа на атрактивна локација на источниот брег на Охридското Езеро.
Тие одржаа протест и минатата седмица, кога побараа спроведување на неколку пресуди на Управниот суд во нивна корист. Притоа обвинија и
за селективност во денационализацијата, со забелешка дека слични национализирани атрактивни имоти се вратени на МПЦ.