Протест во Париз против Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
156 прегледи

 

Повеќе стотици луѓе вчера протестираа против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во Париз, изразувајќи загриженост дека тој нема да ги почитува човековите права, како и правата на жените и на малцинствата.20161016215012

Меѓу демонстрантите имаше и голем број Американци кои живеат во Франција.

Тие се собраа во близина на Ајфеловата кула носејќи транспарент „Париз против Трамп“.

На голем број транспаренти беа испишани пораки против расизмот, мизогонијата, исламофобијата, хомофобијата „национализамот на белецот“.