Протест за амнестија пред Собрание

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците за денеска попладне пред Собранието најави протест.

 sobranie4

Целта, како што велат, е добивање позитивен одговор од претседателот на Законодавниот дом за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање на 10 илјади потписи за донесување Закон за амнестија во законски предвидениот рок. Велат дека доколку не се задоволат нивните барања, протестот ќе трае деноноќно се до добивањето на потребниот одговор од страна на спикерот Вељаноски.