На плоштадот Магнолија во Битола вечерва се одржа протест по повод ненадејната смрт на шестгодишната Јана Христовска.
Демонстрантите побараа надлежните да излезат во јавноста и да ја кажат вистината за смртта на Јана.
Тие порачаа дека одговорност мора да има.
Неколку родители дојдоа да го поддржат протестот на битолчани преку кој бараат одговори од што починала петгодишната Јана Христова. Од пред Министерството за здравство, неколку граѓани посочија дека не ги линчуваат докторите, туку да престане молкот и да се кажат причините за смртта.
Јана почина на 22 март во битолската болница, откако и се влошила состојбата по примена инфузија.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана. Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со фисиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето.
Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.